Актерката, чие име се уште не е откриено во продукцијата, одлично ја отелотвори француската активистка за правата на животните. Мистериозната актерка беше видена како пуши на балконот додека ги снимаше сцените за биографската серија за Брижит Бардо во Париз во средата.

Таа изгледаше шик во црн кариран фустан додека се наведнуваше преку балконот, каде подоцна и се придружи маж во елегантен морнарски костум.

На други фотографии се гледа како таа се насмевнува додека прави селфи со младиот човек кој ја прегрнал додека стоеле на балконот, пишува „Дејли мејл“.

„Бардо“ е биографска мини-серија за животот на Брижит Бардо од 1949 година, кога за прв пат красеше насловна страница на списание, до раѓањето на нејзиниот син во 1960 година, наведува „Варајети“.

Сценариото за серијата, продуцирана од Федерацијата Ентертејмент со France Televisions, го напишал сценаристот номиниран за Оскар, Даниел Томпсон, а ќе го режира Кристофер Томпсон.

Француските ѕвезди Џералдин Пајас, Виктор Белмондо и Хиполит Жирардо ќе играат во серијата, тврди извор од индустријата.

Брижит Бардо, која сега има 87 години, глумеше во 47 филмови, вклучувајќи го и класичниот „И Бог ја создаде жената“ за време на нејзината актерска кариера, пред да ја напушти филмската индустрија во 1973 година.

Откако се повлече од актерството, таа се посвети на Фондацијата Брижит Бардо, која ја основа во 1986 година со пари собрани од продажбата на нејзиниот накит, додека раководеше со засолниште за животни во одморалиштето Сен Тропе на француската ривиера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.