Хадсон Ли Медсен, синот на холивудскиот актер Мајкл Медсен, починал на 26-годишна возраст. Се наведува дека постои сомневање дека Хадсон извршил самоубиство, со оглед на тоа што бил пронајден со прострелна рана на Хаваите.
Портпаролот на Мајкл Медсен, во вторникот наутро, дал изјава за „Метро“ во име на семејството.
Нашите срца се скршени и преплавени сме со тага и болка поради загубата на Хадсон. Споменот за него ќе го чуваат сите кои го познаваа и сакаа. Бараме приватност и почит во овој тежок момент. Ви благодариме, се вели во објавата.
Наводите за смртта на Хадсон ги потврдил и портпаролот на Одделот за судска медицина во Хонолулу.
Можам да потврдам дека Хадсон Ли Медсен (26) почина од прострелна рана во главата и дека постојат сомнежи дека се самоубил на островот Оаху.
Според социјалните мрежи, Хадсон Медсен живеел во Вахива, Хаваи, со неговата сопруга Карли. Фотографиите кои Хадсон ги објавил укажуваат дека тој служел во американската армија и дека извесно време бил во Авганистан.
Мајкл Медсен е татко и на синовите Калвин (25) и Лук (16), од сегашниот брак со актерката Дин Медсен, а со поранешната сопруга Жанин Бисињано ги има синовите Кристијан (31) и Макс (27).
#Loúltimo: El hijo del actor Michael Madsen, Hudson, murió en un “presunto suicidio” a los 26 años.
Según los informes, el hijo de Michael Madsen, Hudson, murió de suicidio por un “aparente disparo autoinfligido”, según The Sun. pic.twitter.com/Ytpre0lNCR
— Oscar Salinas (@OscarSa17220243) January 25, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.