Познатиот менаџер за таленти и продуцент Џорџ Шапиро почина од природна смрт на 91 година, минатиот четврток во својот дом во Беверли Хилс. Тој беше меѓу најуспешните менаџери во шоу-бизнисот во САД, а најпознат е по тоа што ги застапуваше Џери Сајнфелд, Карл Рајнер и Енди Кауфман.
Шапиро е ко-основач на „Shapiro/West & Associates“ и заедно со партнерот и пријател од детството Хауард Вест, беше продуцент на „Seinfeld“, еден од најпознатите ситкоми на сите времиња.
Роден е во Њујорк а пткако завршил колеџ, тој станал помлад агент во агенција и секогаш се обидувал да биде блиску до комедијата. По неколку години, тој почнал да сфаќа дека големите хумористични емисии и продукции се селат во Холивуд и одлучил да го следи тој пат.
Во 1973 година Шапиро одлучил да стане личен менаџер за да развие подлабоки односи и партнерства со клиентите, па ја напуштил агенцијата каде што работел дотогаш и отворил компанија со Хауард Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.