Во најновата емисија Елен Деџенерис, која по 19 години го завршува своето ток-шоу, беше домаќин на актерката Џенифер Анистон, која се присети на еден од најболните периоди од нејзиниот живот. Тоа била кобна година во 2005. година кога нејзиниот живот се превртел наопаку.

Џенифер Анистон гостуваше во емисијата на неповторливата Елен Деџенерис, која ги разочара гледачите ширум светот со одлуката да го затвори своето популарно ток-шоу по 19 години.

Во центарот на вниманието овој пат беше ѕвездата на „Пријатели“ која целосно си ја отворила душата и се потсетила на еден од најлошите периоди од нејзиниот живот, кога раскинала со актерот Бред Пит. Во исто време, таа го завршувала снимањето на нејзината десетгодишна авантура со „Пријатели“ и се нашла на раскрсницата на животот целосно уништена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.