За новата улога холивудскиот актер Пирс Бронснан значително го промени својот изглед.

Папараците го фатија на снимањето на филмот и актерот изгледа непрепознатливо. На фотографиите Пирс има целосно седа коса и изразени брчки на лицето.

Филмот следи стар војник кој бега од својот пензионерски дом во Северна Ирска за да отпатува во Франција за да им оддаде чест на своите паднати соборци на 75-годишнината од Денот Д во Нормандија. Меѓу загинатите другари е и неговиот најдобар пријател.

Приказната е инспирирана од животот на ветеранот од Втората светска војна, Бернард Џордан, кој на 89-годишна возраст тајно излегол од домот за стари лица во Сасекс. Тој се качил на автобус за Портсмут, потоа на траект за Франција и тргнал за Нормандија во јуни 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.