Позната иранска актерка на Инстаграм објави фотографија на која е без марама за да се солидаризира со антивладините демонстрации.
Таране Алидости, најпозната по нејзината улога во филмот „Патувачки продавач“, награден со Оскар за најдобар меѓународен игран филм во 2016 година, држеше табла на која пишуваше „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите.
Протестите за смртта на Махса Амини влегуваат во седмата недела.
Дваесет и двегодишна жена почина во притвор откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран поради неправилно носење хиџаб, пишува Би-би-си.
Алидости е една од најуспешните ирански актерки и има повеќе од осум милиони следбеници на Инстаграм.
Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекина кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите.
Локалните активисти за човекови права тврдат дека во протестите загинале најмалку 328 луѓе, а 14.800 биле приведени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.