Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс.
„Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година.
Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот.
По долго разгледување на ситуацијата, Парамаунт Пикчрс и Скајденс одлучија да ги одложат датумите на прикажување на седмото и осмото продолжение на филмот поради доцнење предизвикано од пандемијата“, се вели во соопштението на компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.