Долго најавуваниот документарен филм за Дејвид Боуви, „Moonage Daydream“ на режисерот Брет Морген, го доби првиот трејлер. Според официјалниот опис, овој документарец нема да се базира само на кариерата на познатиот музичар, туку ќе го истражува неговото „креативно и духовно патување“.

Самиот трејлер прикажува извадоци од изведбата на Дејвид Боуви, а според извршниот продуцент и поранешен претседател на Warner Bros, Бил Гербер, филмот е „звучна и визуелна екстраваганција што треба да се доживее на големото платно со врвно аудио. ”

Боуви не може да се дефинира. Мора да се доживее – изјавил режисерот Брет Морген по прикажувањето на филмот на настанот CinemaCon.

Кога станува збор за филмот „Moonage Daydream“, тој содржи 48 песни на Боуви, како и никогаш порано видени снимки од концертите на музичарот.

Филмот пристигнува низ светот во септември оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.