Оскаровецот Николас Кејџ, познат по улогите во филмовите како „Напуштањето на Лас Вегас“, „8 милиметри“ и „Без лице“ изјави дека „не е воодушевен“ кога го нарекуваат актер.

За мене тоа секогаш звучи: „О, тој е одличен глумец, затоа е голем лажго“. Глумата е работа што ја работиш со срце или ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и дел од даваш дел од сѐ тоа за да комуницираш со публиката – вели Кејџ, додавајќи дека го претпочита терминот „теспијанец“ (thespian, според Теспис – првиот забележан глумец во Стара Елада и во светот воопшто).

Кејџ е актуелен со филмот „Свиња“ (Pig), па за режисерот на ова дело, Мајкл Сарноски, Кејџ вели дека тој е „aрхангелот Михаил“.

Знаев дека по неколку обиди за мое маргинализирање во студијата, кога никој не сакаше да ме повика, дека некој ќе ме покани… И, оти тоа ќе биде некој млад режисер кој се сеќава на моите претходни филмови и ќе знае дека сум во право за неговото сценарио. И затоа, тој не е само Михаил (Мајкл, заб.п.), туку Архангел Михаил! – нагласи глумецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.