Во среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“ ќе се одржи светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“.

Заинтересираните за посета на премиерното прикажување на првата епизода може да обезбедат место обраќајќи се на фејсбук-страницата на „Бистра вода“.

Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.