Откако филмот на Амазон-студиос, „Манчестер покрај море“од 2016 година стана прв филм од стриминг-платформа номиниран за „Оскар“ за најдобар филм, конкурентите потрошија милиони долари во кампања за награда која беше надвор од дофат.

Оваа година може да биде поинаку. „Кода“ на Епл-плус, трогателна приказна за ќерката на глува двојка која е растргната помеѓу љубовта кон музиката и стравот да ги напушти родителите, е водечки кандидат в неделата (27 март) за најпрестижната награда во филмската индустрија, имајќи предвид дека доби највисоки признанија од Здружението на филмски продуценти и од Здружението на филмски актери.

„Кода“ се соочува со конкуренција за најдобар филм од миленикот на професионалните критичари – „Моќта на кучето“ (од „Нетфликс инк.“), кој ја доби главната награда од Здружението на американски режисери, исто така од британската академија за филм (БАФТА), а и наградата по избор на критичарите.

Мислам дека би било одлично стример да победи, бидејќи така се проширува пејзажот“, рече ѕвездата на „Кода“, Марли Матлин, прва глува актерка која доби „Оскар“ за главна улога во филмот „Деца на помалиот Бог“ од 1986 година.

Трката за „Оскар“ за најдобар филм или дури и самата номинација, по традиција дава поттик во продажбата на кинобилети.

извор: макфакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.