Холивудската ѕвезда, Мерил Стрип, ја доби почесната Златна палма на 77. Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“.

Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, истакна француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

 

Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, одговори Мерил Стрип.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма добија и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито беше Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.