Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, организаираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“.
Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во Париз.

Филмот е во француско-белгиска копродукција, дело на Тран Ан Хунг (2023; 2h 16min.) со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже.

Филмот е номиниран за 3 Цезари во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.

Создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвење и свесната дегустација. (Bande à part)
Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Снимен со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега. (Ecran large)
Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување на оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско. (France Info Culture), напишаа француските медиуми за „Страста на Доден Буфан“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.