Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на Памела Андерсон, а таа вели дека книгата е многу повеќе од секс снимка. Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“.

Во книгата, рече Памела Андерсон, е вклучено се – „од почеток до крај, од првото до последното сеќавање“.

Меѓу другото, во книгата и документарниот филм, Памела Андерсон зборува за нејзиното тешко воспитување во сиромашната Лејдисмит, со татко и мајка насилници, злоупотреба и силување од детството. Андерсон била физички малтретирана од нејзиниот прв сопруг Ли, кој одлежал казна за злоставување на сопружникот, откако ја удрил додека таа го држела нивниот син. Тие се разведоа во 1998 година, но заедно го одгледаа својот син.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.