Колин Фарел, Брендан Глисон и Мишел Фајфер ги пропушија наградите  „Critics Choice Awards“  викендов во Лос Анџелес откако беа позитивни на Ковид-19.

Џејми Ли Кертис (64), која е номинирана за нејзината споредна улога во „Сè, насекаде одеднаш“, беше првата актерка што објави дека ќе го пропушти гала настанот во неделата вечер, откако беше позитивна на короната по нејзиното присуство на Златните глобуси во вторникот.

Ѕвездениот Ковид го зарази и Колин Фарел – кој освои Златен глобус за најдобар актер во филмски мјузикл или комедија – и неговиот колега од Banshees of Inisherin и номиниран за споредна машка улога Брендан Глисон. Во саботата, „Холивуд репортер“ потврди дека и Фарел (46) и Глисон (67) исто така се разболеле со Ковид-19 и нема да присуствуваат на доделувањето на наградите во неделата.

Мишел Фајфер (64) исто така ги растажи фановите во неделата. Во објава на Инстаграм, Фајфер сподели дека нејзината дијагноза Ковид-19 значи дека нема да му честита лично на Џеф Бриџис – нејзиниот колега во „Чудесните браќа Бејкер“ – кој синоќа доби награда за животно дело на наградите, чиј домаќин беше комичарката Челзи Хендлер.

Додека повеќето од актерите не присуствуваа на Златните глобуси поради разни причини – вклучувајќи ги победниците Кејт Бланшет ( обврски во Англија) , Аманда Сејфрид и Кевин Костнер (заглавениот од поплавите во Калифорнија)  –  зголемените случаи на Ковид-19 на  холивудските гала настани, не навестуваат добро за сезоната на филмски награди.

Некој да ја провери и Џенифер Кулиџ – последен пат е видена како Фарел ја придружува на сцената на Златните глобуси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.