Француската актерска дива Катрин Данев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани.

Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма.

Американскиот актер Мајкл Даглас доби „Златна палма“ за животно дело. Фото: Кански фестивал/Фејсбук

Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзин огромен портрет е на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.

Жирито на Канскиот фестивал

По отворањето ќе биде прикажан филмот „Жан ди Бери“ на француската режисерка Мајвен, со Џони Деп во главната улога, каде што тој го игра Луј XV.

Хелен Мирен фото: Кански фествал/Фејсбук

Натпреварувачкиот дел почнува утре со два играни филма „Монструм“ на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Враќање“ (Le Retour) на Французинката Катрин Корсини.

За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја доби втората Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.