Годинава „МакеДокс“ слави 15 години! Не случајно јубилејното издание им го посветуваме токму на архивите, на тоа скапоцено наследство што нè претвора во времепловци како ретко што друго. Толку е скапоцено што доволно е да отвориме очи за да се наежиме, да начулиме уши за да засолзиме или, пак, да ги брцнеме прстите за да посакаме од него да создадеме нешто ново. Да пресоздадеме сеќавања, да раскажеме поинаку – за да разбереме подобро. Но и за да се разбереме самите, без страв дека најверојатно ќе нè заплисне носталгијата, толку сложена, ама и лековита и подготвени да нè обземат надежта и поривот за промена, велат организаторите.

Архивата е темелот, но без емоции никаде нема да стигнеме. Обете во себе чуваат неисцрпен креативен потенцијал, а какви приказни ќе посакаме да раскажеме зависи единствено од нас. Но, барем сега знаеме каде треба да копаме ако сакаме будно да живееме додека сме тука, за да почувствуваме длабоко и за да оставиме нешто вредно – и за нас самите, и за тие по нас.
Повелете пред филмското платно – заедно да го прославиме јубилејот, да патуваме низ времето и да копаме емоции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.