Оваа пролет почнува снимањето на серијата „Пад“ работена според книгата „Годината минува, денот никогаш“ од Жарко Лаушевиќ, а ликот на познатиот драмски уметник ќе го толкува Милан Мариќ.
Серијата ќе има осум епизоди, сценариото го потпишуваат Бојан Вулетиќ и Петар Михајловиќ, а режијата е на Вулетиќ, кој веќе работеше на „Семејство“ за апсењето на Слободан Милошевиќ.
Новата серија во продукцијата на „Fajerflaj” под наслов „Пад“ настана по мотивите на книгата на Жарко Лаушевиќ „Годината минува денот никогаш“. Мотивите од неговата книга ќе послужат да опишеме едно време, почетокот на војната во поранешна Југославија, сиромаштијата и изолацијата низ трагичната судбина на најпознатиот југословенски актер. Сценариото не е само препишана книга, туку сценаристите слободно интерпретираат некои делови, го збогатуваат со ликови и настани кои не постојат во автобиографијата, вели Вулетиќ.
Лаушевиќ пред десет години ја напиша книгата во која опиша се што се случувало таа кобна ноќ на 31 јули 1993 година, кога усмрти две момчиња, а едно момче беше рането.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.