Седумдесет и петтото издание на филмскиот фестивал во француски Кан започна со голема исполитизираност со видео-порака на украинскиот претседател Владимир Зеленски кој од Киев рече дека „потребен ни е нов Чаплин кој ќе посведочи дека филмот не е нем“ пред војната.

Ненајавеното појавување на украинскиот претседател во маскирна униформа на екранот во Фестивалскиот дворец беше проследено со овации од светската филмска елита собрана на свеченото отворување на фестивалот кој најави дека војната ќе им биде „на сите во мислите“.

Ќе продолжиме да се бориме, немаме друг избор (…) Сигурен сум дека ‘диктаторот’ ќе загуби“, додаде поранешниот стендап-комичар Зеленски алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин и на филмот „Диктатор“ на Чарли Чаплин во кој се подигрува со тогашниот германски нацистички лидер Адолф Хитлер, филм кој повеќепати украинскиот претседател го спомена.

Во Украина „Стотици луѓе умираат секој ден. Тие нема да станат по завршниот аплауз (…) Ќе молчи ли филмот или ќе проговори за тоа? Ако имаме диктатор, ако повторно имаме војна за слобода, сѐ ќе зависи од нашето единство. Може ли филмот да биде надвор од тоа единство?“, праша Зеленски.

Овој истап отвора нова страница во долгата историја на исполитизираност на Канскиот фестивал кој е основан во 1939 година поради противење на одржувањето на најстариот светски филмски фестивал основан седум години претходно – венециската Мостра во тогашната фашистичка Италија. Но Канскиот фестивал, поради Втората светска војна првпат се одржа дури во 1946 година.

Во заднината на војната во Украина, организаторите на Канскиот фестивал решија да ги одбијат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои ги следат настаните од културата. Дополнително, некои руски новинари, сепак, успеале да добијат акредитации но не е објавено кои.

Кан е еден од најреномираните филмски фестивали во светот, со бројни ѕвезди и гости кои во монденскиот град повторно ги вратија гламурот и возбудата. Фестивалот не се одржа во 2020 година, ппоради пандемијата на коронавирусот, а минатата 2021 година се одржуваше во посебни рестриктивни услови.

„Едноставно речено, пресреќен сум“, изјави претседателот на Жирито Винсент Линдон на прес-конференцијата.

Во жирито се актери и режисери, меѓу кои и Ребека Хол, Нуми Рапас, Дипика Падуконе, Џеф Николс и Ашгар Феради.

Најголемиот филмски фестивал на светот трае годинава од 17-ти до 28-ми мај, а враќањето на свечаностите, забавите, гламурот и парите на организаторите им влева надеж дека гледачите во голем број ќе се вратат во кината.

Фестивалот е отворен со проекциката на зомби филмот „Final Cut“ на режисерот Мишел Хазанавичус, а гледачите ќе можат и да го видат новиот филм на Том Круз „Тop Gun: Maverick“. Поради тоа Том Круз пристигна во Кан првпат по 30 години.

Филмот „Final Cut“ од ткн нов жанр „зомби-комедија“, и е римејк на јапонски фил од 2017 година, во кој насловната улога ја толкува сопругата на режисерот Беренис Бежо.

Во моментот кога беше објавено дека овој филм ќе го отвори фестивалот, дојде до контроверзии бидејќи филмот во оригиналот се викаше „Z“. Бидејќи тоа е симболот на возилата кои го користат проруските сили во војната во Украина, Украинскиот филмски фонд пвара и од фестивалот и од режисерот на филмот да му биде променето името, па така остварувањето од „Z“ стана „Final Cut“.

Како што беше соопштено претходно, Златната палма за животно дело ќа ја прими Форест Витакер. Неговата продукциска компанија ќе го прикаже остварувањето „For the Sake of Peace“, документарен фил за војната во Јужен Судан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.