Прогласен за најдобра комедија на 33. доделување на Европски Филмски награди, „Триумф“ премиерно започнува со прикажување на 10 март во Синеплекс.

Актер кој едвај врзува крај со крај, прифаќа да води театарска работилница во затвор.Изненаден од големиот талент на затворениците, ќе се обиде да ги спреми за вистинска театарска претстава. Сфаќајки како животот на затворениците поминува во постојано чекање, Етиен ќе се обиде да ја постави претставата „Чекајки го Годо“.

„Триумф“ дава светол поглед кон луѓето кои се на работ на денешното модерно општество, филм во кој љубителите на С. Бекет нема да бидат единствените кои ќе уживаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.