Новиот филм за животот на легендарната Мерилин Монро„Русокоса“ (Blonde), со кубанската актерка Ана де Армас, премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција.

А, се чини дека подеднакво им се допадна на критичарите и на публиката. Ана де Армас се расплака по прикажувањето на филмот, кој доби најголем аплауз од сите досега прикажани филмови на Фестивалот и 14-минутни овации на светската премиера.

Критичарите и гледачите беа подеднакво импресионирани од филмот и од изведбата на Ана, пишуваат светските медиуми.

Ваквата реакција на нивниот филм ги расплака Ана и нејзиниот колега Адриен Броди, кој во филмот го игра поранешниот сопруг на Мерилин Монро, Артур Милер.

„Русокоса“ е адаптација на романот на Џојс Керол Оутс, кој повторно го замислува животот на трагичната холивудска ѕвезда.

Продуцент на филмот е и Бред Пит, кој и самиот и аплаудираше на главната актерка на црвениот тепих, а изведбата на Ана ја опишаа како извонредна. Актерката доби пофалби за интензивната и убедлива изведба на холивудската легенда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.