НУ Кинотека на Македонија во соработка со Р. Бугарија ( SCAS и Народна библиотека „П. Р. Славејков“ ) , Германија (Zeutschel) и Холандија (ERfgoedcentrum De Domijnen) како дел од проектот Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови „МобиРеел“ во рамките на ЕРАСМУС+ програмата известува дека платформата Mobireel.eu е веќе достапна за сите граѓани.

Со оглед на тоа што првата проектна година заврши, со задоволство можеме да објавиме дека веб- платформата за проектот MobiReel е подготвена да се користи во сите пет јазични верзии: македонски, англиски, германски, холандски и бугарски јазик. Платформата нуди обука за дигитализација на таканаречените домашни филмови, снимени на ВХС, СВХС, 8мм, 9,5мм, 16мм итн.

Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката, а со успешно завршување на обуката се добива европски акредитиран сертификат, соопштуваат од Кинотека.

Активен е и YouTube каналот на проектот и сите можете да ги видите кратките видеа снимени од партнерските земји, направени за потребите на проектот: пет видеа за различните единици/модули што ги произведоа проектните партнери. Видеата се кратки објаснувања за темите на модулот. На каналот исто така можат да се видат и неколку кратки веќе дигитализирани филмови.

Како дел од проектот во моментот се работи и на снимање и на ново видео, а се подготвува и прирачник кој ќе биде достапен и онлајн.

Линк до платформата: hWps://mobireel.eu/

Линк до Youtube каналот: hWps://www.youtube.com/@MobiReel



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.