Џони Деп ќе глуми во третото продолжение од хит филмот „Јужен ветер“ на режисерот Милош Аврамовиќ. Тој ќе има една од главните улоги, заедно со Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, а ќе глуми наркодилер, пишуваат српските медиуми. Преговорите со Деп наводно почнале во октомври, кога тој престојуваше во Белград. Деп, сепак не е единствената светска ѕвезда што ќе глуми во третото продолжение на филмот. Наскоро во Белград треба да стигнат и Мајкл Медсен и Вилијам Болдвин, кои треба да играат американски агенти. Подготовките за снимањето се при крај, а снимањето ќе почне до крајот на јуни.
Џони ги запозна нашите актери и режисерот кога лани во октомври во Србија го промовираше анимираниот филм ‘Пафини’, работен во српска продукција. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажаа дека би сакале да го видат во продолжението на ‘Јужен ветер’. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога има слободни термини за снимање. Брзо потоа тој преку телефон ја потврдил соработката, сега само треба да го потпише договорот, рекол извор близок до продукцијата на филмот.
Главниот актер во филмот, Милош Биковиќ никогаш не криел дека сака кадар со славниот актер.
Деп е одличен и има прекрасни улоги. Би сакал да го видам во продолжението, може сам да бира улога. Секоја освен Петар Мараш. Баш би сакал да играм со него. Кастингот е отворен, па ако го помине ќе биде примен“, рекол Биковиќ во едно скорешно интервју.
Деп, сепак не е единствената светска ѕвезда што ќе глуми во третото продолжение на филмот. Наскоро во Белград треба да стигнат и Мајкл Медсен и Вилијам Болдвин, кои треба да играат американски агенти. Подготовките за снимањето се при крај, а снимањето ќе почне до крајот на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.