Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”.

Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај.

Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „vibe.com“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.