Турција  вчера ја погодија неколку силни земјотреси, а бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и им понудија поддршка на оние на кои им е потребна.

Актерката Седа Бакан, им се обрати на своите следбеници, велејќи:

Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување.

 

Актерот Бурак Озчивит, напиша:

Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување.

 

Се огласи и Туба Бујукустун, велејки:

Турција прогласи состојба на тревога од четврти степен. „Четврти степен“ вклучува и повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака… Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.

Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир.

На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.

Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.