Академијата за филмски уметности и науки ќе бара од присутните на 94. церемонија на доделување „Оскари“ во март да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови, објави „Ројтерс“ цитирајќи извор запознаен со плановите.
Изведувачите и презентерите на највисоките почести во филмската индустрија, исто така, мора да направат ПЦР тест, но нема да треба да покажат доказ за вакцинација.
Барањата за покривање на лицето ќе се разликуваат на настанот на 27 март во театарот „Долби“ во Холивуд, според изворот.
Номинираните и нивните гости во долните делови на театарот нема да мораат да носат маски. Тие ќе седат со поголемо растојание од вообичаеното. Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе.
Од оние што седат во мезанин може да се бара да носат маски, бидејќи ќе седат еден до друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.