Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово ги објави добитниците на награди од конкурсот за „ФИЛМАЈ’ – фестивал на кратoк филм 2022 – Куманово.

Филмовите ги оценуваше трочленото жири составено од сценаристот и режисер Сезер Салихи, сценаристот и режисер Косара Митиќ и членот на фото-кино клуб „Козјак“ – Филип Илиевски.

Наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија ја доби режисерот Самир Карахода за режија на филмот „Изместено“ (Косово).

Наградата за најдобра фотографија/кинематографија „Радислав Ристевски“ ја доби Владимир Самоиловски за филмот „Северен пол“ (Македонија).

Наградата за најдобро сценарио „Козјак“ ја доби Фотис Зампетакис за филмот „Ангелос на Божиќ“ (Грција).

Наградата за најдобар македонски филм ја освои „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска.

„Филмај“ наградата за најдобар краткок филм ја доби хрватскиот филм „Сама“ во режија на Борна Зидариќ.

Од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово истакнуваат дека дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.