Британскиот комичар Џон Клиз планира да сними нова сезона од неговата позната хумористична серија „Фаличен пансион“ (Fawlty Towers), којашто пред неколку години Британcкиот филмски институт ја прогласи за најдобра домашна ТВ-серија во историјата.

Глумецот и сценарист за таа цел ќе се здружи со ќерка сѝ Камила Клиз, која ќе помогне во пишувањето на сценариото, но и ќе глуми една од главните улоги. Новата серија „ќе истражува како циничниот и мизантропски лик Базил Фаулти на Клиз живее во современиот свет“, во пансионот што тој сè уште го води, но сега со неговата ќерка.

Клиз работи и со Роб Рајнер и други, а нивната прва средба ја нарече „една од најкреативните“ на којашто може да се сети. Рајнер го нарече Клиз – „легенда на комедијата“ и дека „помислата да се работи со него го тера на смеа“, пишува Гардијан.

Оригиналната серија имаше две сезони од по шест епизоди и го следи насловниот приморски хотел во Велика Британија во широк спектар комични случки. Британците го прогласија за најдобар ситком, а во Америка доби дури три преработки – иако без така голем успех.

Џон Клиз во 2009 година изјави дека не планира да снима нови епизоди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.