Уште една тажна вест во низата страшни несреќи пристигнува од Турција. Под урнатините е пронајдено телото на турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга музичарката Зилан Тигрис.

Неодамна, беа најдени под урнатините мртвите тела на познатата актерка Емел Аиџи и нејзината ќерка Ханде Пурјан Аиџи. Телата беа најдени под остатоците на една урната зграда во Адана.

Сега пак, доаѓа веста дека во земјотресот животот го загуби уште еден познат актер.

Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга -музичар Зилан Тигрис ги загубија животите по уривањето на 9-катната станбена зграда во деловен кварт во областа Јенишехир во Дијарбакир.

Веста за смртта на глумецот и неговата сопруга ја потврдија турските медиуми, а колегите се простуваат со нив на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.