Синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.

Актерката Ева Лонгорија се појави во црн проѕирен фустан од тул, кој можеа да го носат само најхрабрите жени.

Уште еден впечатлив фустан прикажан на црвениот тепих е оној што го носеше француската актерка и модел, Фредерик Бел. Имено, нејзиниот раскошен тоалет, напред краток, и со голем шлеп од тул, на моменти наликуваше на опашка од паун.

Посебно се истакнало храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното, нежно издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.