Холивудскиот актер Бред Пит, поранешен сопруг на Џенифер Анистон, откри добро чувана тајна, која до сега никаде не била објавена, пишува Hello Magazin. 

Бред изјавил дека Џенифер месечари во сон, што им направило проблеми во бракот.

– Таа прави многу работи додека спие. Еднаш дури и се вклучи алармот во куќата, а ја најдов на крајот надвор – се присетил актерот.

Тој додаде дека таквите ситуации порано го „престрашувале“ бидејќи тогаш живееле во куќа сместена на карпа.

– Ќе слушнав како се отвораат и затвораат фиоки во другата соба, но потоа ќе си кажам дека кога ќе го направи тоа што треба да го направи, ќе се врати во кревет. Таа многу зборува во сон и тогаш ги имавме најдобрите разговори – се пошегува тој.

Да потсетиме дека Бред Пит и Џенифер Анистон се венчаа во 2000 година, а се разведоа пет години подоцна. Тие беа еден од омилените холивудски парови.

Da li je ljubavi stolje?a došao kraj?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.