„Bob Marley: One Love“, биографскиот филм за легендарниот пејач од Јамајка, со недели по објавувањето ги руши рекордите на гледаност во кината ширум светот.
Филмот имаше светска премиера на Денот на вљубените, а сега претставува вистинска сензација во кината за сите генерации од публиката, носејќи уште една победа за процветување на биографските филмови за музичарите кои го преплавија Холивуд.
Посебно фасцинира демографската разновидност на публиката. Филмот го привлекол вниманието кај сите возрасти, а особено кај младите филмски посетители кои дури не биле ниту родени кога музичарот починал во 1981 година.
Главната улога во филмот ја толкува Кингсли Бен-Адир, а за продукцијата заслужен е синот на Боб Марли, Зиги Марли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.