Руската атлетичарка Марјана Наумова преку видео порака објавена на официјалниот Твитер профил на руското Министерство за надворешни работи му одговори на Арнолд Шварценегер, откако тој неодамна преку видео се обрати до рускиот народ и претседателот Владимир Путин и апелираше за итен прекин на вооружениот конфликт во Украина, со порака дека го сака рускиот народ.

Наумова во видеото објаснува дека во 2015 година кога победила на натпревар во кревање тегови имала можност да се запознае во Шварценегер кој и бил идол.

Таа му порача дека тој не реагирал на страдањата на руските деца во Донбас во периодот на 2014-2022 година, иако таа му дала писмо од децата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.