Во режија и сценарио на познатиот романски режисер Раду Џуде, филмот „Улаво порно или со среќа дупење“, ја освои наградата за најдобар филм, „Златна мечка“, на филмскиот фестивал во Берлин 2021година. Покрај провокативниот наслов Раду се занимава со двојните стандарди и хипокризијата на денешното општество, за што доби одлични критики како од публиката така и од филмските критичари.
Еми е учителка која стравува дека кариерата и репутацијата ѝ се уништени откако на интернет ќе се најде нејзина интимна снимка. Принудена да се состане со родителите и да ја брани својата чест, Еми одбива да се предаде на притисокот.
Филмот „Со среќа дупење или улаво порно“ влегува во редовниот репертоар на домашните кина, а нашата публика ќе може да го погледне од 24 март во киното Синеплекс во Скопје и 3Д киното во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.