Холивудската глумица Анџелина Џоли ги изненади Украинците кога во саботата седна во кафуле во Лавов.
Џоли – која од 2011 година е специјален пратеник на УНХЦР за бегалци – дошла да разговара со раселените луѓе што нашле засолниште во Лавов, меѓу кои и деца што се на лекување поради повреди добиени во ракетниот напад на железничката станица Краматорск во почетокот на април.
46-годишната Џоли го привлекла вниманието кога се појавила во неупадлива облека во кафулето, каде што им делела автограми на оние што ја препознале.
“That’s what you get for always staring at your phone” pic.twitter.com/bZo2TyBJzr
— Christo Grozev (@christogrozev) April 30, 2022
Актерката е снимена како шета низ градот со придружба, кога се огласиле сирените за воздушен напад, па тие потрчуваат да се засолнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.