Филмот „Андреграунд“ на Емир Кустурица од 1995 година се најде на петтото место меѓу најдобрите воени филмови од деведесеттите, според познатиот американски портал „Мувивеб“, специјализиран за критики и преглед на достигнувањата на седмата уметност.

Приказната инспирирана од драмата на Душан Ковачевиќ се најде во друштво на на филмовите „Сталинград“, „Тенката црвена линија“, „Животот е убав“, „Шиндлеровата листа“ и „Спасување на војникот Рајан“.

„Андреграунд“ во режија на Емир Кустурица е сатиричен српски воен филм кој освои Златна палма во Кан во 1995 година. „Андерграунд“ ја следи приказната за двајца пријатели кои се подготвуваат за претстојната германска инвазија на Србија, додека собираат залихи од храна и оружје и се упатуваат под земја.

Војната завршува, а Блеки (Мики Манојловиќ), единствениот на кој му е дозволено да го напушти подземниот бункер, избира да не ги информира своите пријатели за крајот на војната – пишува оваа веб-страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.