Актерката Весна Петрушевска е гостин во најновата епизода на емисијата „Нешто конкретно“, заедно со Викса, Јаков Спасов и Розалија Секулоска.

Во емисијата, Петрушевска доби прашање дали би ја вратила „Вртелешка“ на телевизиските екрани, по што таа одговори дека нема таков план.

На Вртелешка работевме многу посветено 10 години и постигнавме нешто што никој не успеа досега, оставам простор на другите да го работат тоа, јас сега се занимавам со друг телевизиски проект“, изјави Весна.

Темата во емисијата беше Дали среќата со пари (не) се купува, па Петрушевска зборува и за парите. На прашањето дали човекот се чувствува дека има поголема вредност ако му биде кажано дека ќе земе поголема плата, Петрушевска вели дека се нервира кога ќе и биде понуден хонорар што е под цената за еден актер,

Им кажувам „дојди јас да ти платам и не ми се јавувај повеќе никогаш“, вели таа.

Целата емисија може да ја погледнете на следниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.