Вељко и Богдана Ражнатовиќ не криеја дека имаат голема желба нивниот син Жељко да добие брат или сестра. Нивната желба се исполнува.

Снаата на Цеца е повторно бремена, а во семејството Ражнатовиќ доаѓа уште едно момче.

Сите се пресреќни а гордиот татко откри дека “засилувањето“ ќе пристигнат за шест месеци, а момчето ќе се вика Крстан.

Со Божја помош за шест месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ. Фала му на Бога и на мојата најдобра сопруга – соопшти Вељко, кој првиот син го доби на 3 јуни 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.