Многу се радувам што ќе се дружам со моите фанови на настапот во Скопје на 4 март, порача балканската мегаѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

За настапот покрај од домашната публика, има навистина огромен интерес и во Србија, Бугарија, Црна Гора… се организираат и туристички автобуси со голем број туристи – обожаватели на Цеца.

Во Македонија, досега можевме да ја слушаме (и гледаме) оваа мегапопуларна пејачка само во текот на топлите денови. Последниот настап со кој предизвика делириум го имаше во Пробиштип, кога пееше заедно со ќерка си Анастасија.

Цеца сега ќе дојде во Скопје директно од Словенија, каде што ќе одржи неколку концерти. Настапот во Македонија, во Скопје, ќе се случи во дискотеката „Централ парк“, а уживањето во живо со нејзините хитови влезниците се по 1.000 денари, а резервацијата на маса со вклучен пијалак – 5.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.