Oткако се појави, градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ привлекува големо внимание кај јавноста во регионот. Неговиот љубовен живот и врската со фолк пејачката Тања Савиќ привлекува големо внимание.

Драшко Станивуковиќ, во имотниот лист запишал дека не поседува никаков имот, но дека има заем од 9.587 марки (околу 4.890 евра).

Пријавил и плата од 2.863 марки (околу 1.460 евра), која ја препраќа секој месец до граѓаните на кои им е потребна.

Што се однесува до кредитите, тој претходно изјави дека се задолжил за да ја финансира кампањата. Тој со години доаѓа на работа во приватен автомобил, кој е во сопственост на членови на неговото семејство, а според локалните медиуми вреди околу 130.000 марки.

Станивуковиќ никогаш не криел дека потекнува од богато семејство, кое го чува и одржува своето наследство уште од неговиот прадедо.

Неговиот семеен дом наликува на замок од бајка. Прекрасна вила, за која агентите за недвижности тврдат дека вреди најмалку неколку милиони марки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.