Аца Лукас летово е најбараниот поп пејач.До крајот на август ќе има вкупно 30 закажани настапи, најмногу на црногорското приморје, но и во другите земји од регионот.

Пред дваесетина години цената на настапот на Лукас беше околу 7.000 евра меѓутоа сега е 15.000 евра.Патем, тоа е цената за настап во клубови со стандардни капацитети, но кога се во прашање концертите, цената достигнува 30.000 евра.

Иако Лукас не сака да пее на свадби, се случува да прави исклучок, а за таква прилика неговиот хонорар достигнува неверојатни 50.000 евра. Тој за нешто повеќе од два месеци ќе заработи неверојатни половина милион евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.