Изминатиов период во Србија не престанува да се зборува за аферата со елитните проституки блиски до естрадата, а според последните пишувања на српските медиуми, и во Македонија се случувале оргии со познати старлети и ѕвезди од реални шоу-програми.

Извори од српското Министерство за внатрешни работи за „Република.рс“ изјавиле дека на 26 март шест девојки со два автомобили од Србија заминале во Македонија, во хотел во близина на грчката граница, каде што ги чекале клиентите на кои им пружиле сексуални услуги.

Откако порталот дошол до пораките преку кои клиентите нарачувале услуги, случајот почнал да се отплеткува, а девојките од каталогот биле уапсени.

Според нив, Марија Халас потврдила дека се занимава со проституција и детално опишала со кои девојки имала оргија во Македонија, но исто така открила и колку заработила. Таа вели дека нејзиниот макро, Душко Бањац, но и Ана Марија Кикош, која исто е обвинета дека работела како мадам, им нашле клиенти во Македонија, по што заминала на пат со Ружица Вељковиќ, поранешна манекенка и победничка на реалното шоу „Парови“ (2016), Дијана Трипуновиќ, Мартина Рајиќ, Ивана Бириња и девојка по име Теа. Тие првин се забавувале и пиеле, а нејзиниот клиент толку многу се напил, што на крај не ни била интимна со него.

Халас исто така открила дека се занимава со проституција бидејќи имала богати момци со кои живеела на висока нога. Како што и самата признала, клиентите кои сакале да им пружат сексуални услуги за пари доаѓале преку Душко Бањац, Ана Марија Кикош, Јелена Јојиќ, Душица Грабовиќ и Софија, т.е. девојка која им се претставила како Софија, а всушност тоа била извесна Маријана.

Како што дознава „Република.рс“, се чека вештачење на телефоните запленети од националниот центар за форензика и многу брзо ќе се знае кој комуницирал со макроата и користел услуги. Ова вештачење е многу важно бидејќи постои сомневање дека многу познати личности ги користеле услугите и дека сите ќе ѝ бидат познати на полицијата по вештачењето, кое вклучува преземени пораки, повици и фотографии што ги размениле.

Според порталот, српското МВР веќе има информации дека многу познати јавни личности биле во комуникација со макроата и проститутките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.