Милан Поповиќ го доби старателството врз синот Александар откако Врховниот хрватски суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд со која беше прекршен Законот за парнична постапка, пишува „Национал“.

Откако Врховниот суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, Милан и Северина повеќе нема да имаат „пола и пол“ старателство, како што утврди Жупанискиот суд во Сплит во август 2021 година, туку старателството ќе му се врати на таткото, а таа одлука се уште не е правосилна и стапува во сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на Северина.

Врховниот суд на Хрватска утврди дека судот во Сплит воопшто не ги ценел доказите на вештакот, ниту ги сфатил сериозно, туку постапил по налог на трето лице, кое очигледно барало клучните докази да бидат исклучени од случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.