Тој е познат по прекрасните балади „Коприва“ и „И сега ме знаат по тебе“ е еден од ретките кој со првите тактови на своите песни може да ви ги насолзи очите.

Повлечен и ненаметлив, босанскиот кантавтор Ал Дино пред неколку години ја шокираше јавноста со признанието дека морал да се разведе поради физичкото и психичкото насилство кое го трпел од сопругата Ардуана Прибиња-Куриќ.

Таа ноќ нормално ги донесов синовите кај Ардуана. Нашите инаку, веќе лоши односи дополнително ескалираа бидејќи Харун не сакаше да оди кај мајка му. Потоа следеше остар вербален конфликт меѓу нас двајцата, кој набрзо прерасна во физичка пресметка.

Ардуана ме кубеше за коса и ме удри, буквално можам да го искористам описот што го прочитав во една статија за нас: „Ме лупаше како вол во зелка“ – изјави тогаш Ал Дино, додавајќи дека најтешко му било што нивните синови, гледајќи го сето тоа, врескале во солзи, обидувајќи се да ги смират своите родители.

Не сум воспитан ни да помислам физички да нападнам жена, па затоа во ниту еден момент не се бранев“ – признал пејачот.

Разводот следел по двегодишното провлекување по судовите. Сопругата ги добила децата, а Ал Дино добил пресуда да ја плаќа алиментацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.