Тоа што се случи е за да земе некој да напише сценарио, вели Светлана Ражнатовиќ Цеца во новата епизода од нејзиното реално шоу, во која открива какви сè непријатности имала со фановите.

Имав ситуација кога некој заѕвони на вратата, притрча обезбедувањето, и видовме како пијана жена запре со таксито, го извади сопственото дете влечејќи го за коса и почна да вика по мене. Дојде полиција и брза помош, настана хаос, се присетува Цеца.

Пејачката раскажува дека оваа ситуација, поради која доживеала вистински стрес, настанала само зошто жената ѝ барала пари.

Сакав да излезам и да ѝ дадам пари, зошто го слушав детето како вриска, но полицијата не ме пушти да излезам. Агонијата траеше со часови, открива Светлана Ражнатовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.