Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, познат и како кралот на бакарот, ги раскажа деталите од врската со хрватската пејачка Северина Вучковиќ и за нивната турбулентна врска и почетокот на конфликтот со неа.

Решив да се разведам од Северина по шест месеци, а кога решив да се разделиме, тогаш таа рече дека е бремена. Одлучив дека морам да останам со неа бидејќи не сакав таа да ја прекине бременоста. Јас сум против тоа, но во мојата глава утврдив дека мора да бидеме партнери во родителството, но секоја друга емотивна врска, барем од моја страна, не би можела да биде, изјави Поповиќ.

Додека беше бремена, продолжи тој, се гледавме, се дружевме, ѝ ја финансирав бременоста, бидејќи од мене се бараше да ѝ ги надоместам сите трошоци што ги имаше бидејќи не можеше да работи додека беше бремена.

Никогаш не сме живееле заедно, се гледавме на викенди, по три месеци почнаа кавгите. Јас си заминував пред да почнат кавгите, веќе не беше пријатно да се биде во таа врска. Не беше пријатно во таа врска. Во тие неколку пати Северина остана бремена. Се грижев за целата бременост, буквално ѝ носев појадок, бев таму присутен и сакав со Северина да бидам партнер во родителството. И тогаш почнаа уцените ако не сум интимен со неа, да спијам со неа, дека таа ќе ми забрани да бидам родител, дека некои луѓе ќе ме посетуваат, некои обезбедувачи, раскажал Поповиќ за „Ново јутро“.

Се уште се чувствувам емотивно измамен, како некој нејзин финансиски проект, вели тој, додавајќи дека мажите не се толку одмаздољубиви како жените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.