Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, која е поранешна американска глумица, ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс.

Според замислата на Маркл, најавените 12 епизоди од „Архетипови“, ќе бидат полни со „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Спотифај.

Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.

Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа, барем кога се однесува на жените – вели Меган.

На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 „Грен слем“ титули. Таа порача дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели.

Принцот Хари се откажаа од кралскиот живот во Велика Британија во 2020 година и се преселиле во Калифорнија, каде што со Меган сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Нетфликс и Спотифај. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.