Северина Вучковиќ, која на 28 декември треба да се појави на рочиштето заедно со нејзината мајка Ана Вучковиќ поради тепачка и расправија со сестра и Маријана Поповиќ, во една прилика раскажала како нејзината мајка ја родила со царски рез еден месец пред породувањето.

Ме родила со царски рез и не ме зела в раце пет месеци бидејќи била во кома. Јас сум ѝ трети царски рез во 1972 година. Ме родила во осмиот месец од бременоста, сум имала два килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил да бидам со неа во соба, не дозволил да ме одведат. Рекол дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме носела до неа додека спиела“, изјавила Северина за Gloria.hr.

Таа додаде дека нејзината мајка Ана отсекогаш знаела кога ѝ е потребна и како ѝ е потребна. Заклучила дека дури сега кога и самата е мајка, разбира како нејзината мајка отсекогаш знаела што ѝ треба.

Да потсетиме, летово полицијата ја приведе Северина на загрепскиот аеродром откако пејачката и нејзината постара сестра Маријана Поповиќ се судрија во станот на нивната мајка Ана во Сплит. Северина и Маријана со месеци си се лути една на друга, а нивната мајка се обидува да ја смири ситуацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.