Кралот Чарлс Трети ја именуваше својата снаа, принцезата на Велс Кетрин – Кејт Мидлтон за нов почесен полковник на Ирската гарда. Новата кралска улога им прилега на принцот и принцезата на Велс, кои го почитуваат овој полк и вообичаено му оддаваат почести на Денот на Свети Патрик.

Принцезата Кејт всушност ја презема улогата од својот сопруг, принцот од Велс, Вилијам. Кралицата Елизабета го именуваше својот внук за почесен полковник на Ирската гарда во 2011 година, на два месеци пред кралската венчавка на Кејт и Вилијам, каде што младоженецот ја облече црвената офицерска униформа за свеченоста во Вестминстерската опатија.

Принцот на Велс, Вилијам сега има нова кралска улога – полковник на Велшката гарда, и тоа кралот го назначи својот син само еден ден по смртта на кралицата Елизабета на 8 септември.

Кралицата-сопруга Камила, исто така, има нова титула. Таа сега е полковник на Гардата на Гренадиер, титула што му беше одземена на принцот Ендрју од неговата покојна мајка, кралицата Елизабета. Именувањето на новите полковници расчисти некои од прашањата што се појавија откако на принцот Ендрју му беше одземена титулата во екот на скандалот околу неговите врски со Џефри Епстин.

Палатата ја објави и првата јавна прослава на роденденот на кралот Чарлс, позната како „Собир во боја“ (Trooping the Colour), која ќе се одржи на 17 јуни 2023 година – шест недели по неговото крунисување на 6 мај. Вистинскиот роденден на кралот Чарлс всушност е во ноември, но како и покојната кралица Елизабета, и тој ќе слави во јуни од практична причина – подобри временски услови. Се верува дека оваа традиција почнала во владеењето на кралот Џорџ Втори, во 1748 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.