По затворањето на ТВ21, каде една од најгледаните емисии на телевизијата беше токму неговата емисија, Сергеј Варошлија за кратко го снема од јавноста. Но, сега повторно е актуелен со нов проект на „јутјуб“ наречен Sergej Reinvented, каде продолжува со коментари и оцени во свој стил.

Во последната епизода, тој открива и во какви односи е со водителката Лила Филиповска, со која беа доста блиски пријатели:

Не знам во какви односи сум со Лила. Не сум ја слушнал две години и не сум ја видел. После оној случај „Рекет“ ја видов само неколку пати, по што исчезна од мојот живот. Ме блокираше на Инстаграм, на телефон, рече дека некој ѝ забранил да комуницира со мене. Зошто? И ден денеска сум во прашалници и се надевам дека еден ден ќе го добијам одговорот, рече Сергеј поздравувајќи ја со порака „повеќе да ги цени пријателите“.

Лила не е во комуникација ни со Боки 13, со кого исто така беше многу блиска. Таа и беше во автомобилот со него во моментот кога го апсеа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.